0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Чулев и наштетил на операцијата со кокаинот, вели Петровска, тој, пак, тврди дека тоа е целосно неточно

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев попладнево преку стаус на својот Фесјбук профил информира дека информациите за наводно негово попречување на истрагата со кокаинот во село Крушопек се целосно неточни.

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА) – Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска тврди дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ја попречил меѓународната операција за разбивање на меѓународна криминална група, која организирала шверц на над еден тон кокаин, од кои еден килограм контролирана пратка беше фатена во скопското село Крушопек, а најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, што пак, според Чулев е целосно неточно.

Петровска вчера во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат рече дека Чулев добил предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек е крајно несоодветно.

-Со издавање на информациите однапред и соопштување дека станува збор за огромна акција од страна на министерот Чулев, се информирани и структури што не треба да бидат информирани во тој момент дека во нашата земја се одвива акција“, вели Петровска.

Таа истакна дека најголеми последици за акцијата имало во Босна и Херцеговина, каде исто како и во земјава, била следена контролирана пратка на дрога.

Чулев попладнево преку стаус на својот Фесјбук профил информира дека информациите за наводно негово попречување на истрагата со кокаинот во село Крушопек се целосно неточни.

– Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави. Веројатно, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг. кој беше фатен кај нас беше дел од контролиран транспорт, пишува Чулев на Фејсбук постот.

Тој додава и дека активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности.

Во оваа прилика, посочува Чулев, сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од регионот и припадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија. фф/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close