СветСвет.Портал

Чиле ќе издаде „светски пасош“ за лицата негативни на Ковид-19

Чиле планира да стане прва држава која ќе издаде „светски пасош“ на лицата кои по заздравуваањето од новиот коронавирус стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето

Сантјаго, 21 април 2020 (МИА) – Чиле планира да стане прва држава која ќе издаде „светски пасош“ на лицата кои по заздравуваањето од новиот коронавирус стекнале имунитет, а благодарение на пасошот за нив нема да има ограничување на движењето.

Специјалниот пасош би им овозможил на сите лица во светот кои заздравеле или се тестирани на антитела да можат да се вратат на работа.

Според претставничката на чилеанското Министерство за здравство, Паула Даза, повеќе од 4.600 луѓе во земјата веќе имаат право на специјален пасош.

Всушност тие луѓе можат најмногу да и помогнат на заедницата, бидејќи не претставуваат ризик, изјави министерсот за здравтсво на Чиле, Џеиме Мањалич.
Во Чиле досега се тестирани најголем број на луѓе од другите држави во Јуќна Америка, при што се потврдени 10.507 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 139 починале. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close