БизнисБизнис.Портал

Презентирана нова серија апарати за третман со функционална магнетна стимулација

Нова серија апарати за третман со револуционерната функционална магнетна стимулација беше презентирана во петокот во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Начинот на функционирање, можностите што ги нуди и пренесување на искуствата беа претставени од примариус д-р Дамир Хоџиќ од Загреб, Хрватска, вработен на Одделот за гинеколошка урологија на Клиниката за женски болести и породување на клиничката болница „Меркур“ во Зареб.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Нова серија апарати за третман со револуционерната функционална магнетна стимулација беше презентирана во петокот во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Начинот на функционирање, можностите што ги нуди и пренесување на искуствата беа претставени од примариус д-р Дамир Хоџиќ од Загреб, Хрватска, вработен на Одделот за гинеколошка урологија на Клиниката за женски болести и породување на клиничката болница „Меркур“ во Зареб.

Тој говореше на тема „Функционалната магнетна симулација во третман на инконтиненција и нарушувања на карличното дно“.

Целта, според организаторот, е ваквиот производ соодветно да се доближи до докторите специјалисти од оваа фела и да се претстави оваа нова современа и неинвазивна метода што постигнува загарантирани резултати.

Организатор е компанијата Елмед доо од Скопје, која е застапник на брендот Искра медикал од Словенија на македонскиот пазар од 1995 година.

– Развојот на технологијата и нејзината темелна имплементација од производителот овозможуваат еден уред за третман на патологии во повеќе домени од медицината вклучувајќи ги физикалната медицина, урологијата, гинекологијата и неврофизиотерапијата. Извонредната можност за терапија и стимулација на длабински структури со магнетно поле до 3 Тесли доведува до резултати што надминуваат секакви очекувања и кај уринарната инконтиненција и нарушувања на карличното дно, наведуваат од Елмед. скс/са/

Back to top button
Close
Close