Дописници МКДОпштински вести

Четврти протест против поскапување на струјата во Кичево

Попладнево во Кичево се одржа четвртиот мирен протест против поскапувањето на струјата кој се одржа на градскиот плоштад.

Кичево, 11 септември 2020 (МИА) – Попладнево во Кичево се одржа четвртиот мирен протест против поскапувањето на струјата кој се одржа на градскиот плоштад.

Организаторите на протестот кој се одвиваше под мотото „И Кичево протестира против ЕВН“, повторија и денеска дека тие се организираа како реакција на поскапувањето на струјата и немаат никаква политичка заднина, нивните барањата се едноставно од економски карактер.

Тие ги имаа речиси истите барања како и на претходните три протести, поништување на одлуката за поскапување на струјата, намалување на цената на струјата за 46 отсто, намалување на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто, како и распуштање на Регулаторната комисија за енергетика. Денеска беше додадена уште една точка, со што бараат да се простат долговите за електрична енергија на социјално загрозените семејства.

Исто така, тие сметаат дека потребно е независно арбитражно тело кое ќе ја регулира и оценува услугата која граѓаните ја добиваат од енергетските компании.

Протестот заврши мирно на плоштад, денеска немаше марширање. рз/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close