0_Web_АктуелноSvet.SlajderБалканБалкан.Портал

Четврти ден по ред антивладини протести во Бугарија

Илјадници луѓе денеска се собраа пред канцеларијата на претседателот Румен Радев, а во моментот демонстрантите го опколија центарот на Софија и бараат оставка од Владата и јавниот обвинител

Софија, 12 јули 2020 (МИА) – Илјадници луѓе денеска се собраа пред канцеларијата на претседателот Румен Радев, а во моментот демонстрантите го опколија центарот на Софија и бараат оставка од Владата и јавниот обвинител.

Демонстрантите извикуваат „мафија“ и „оставка“.

Во Софија четврти ден по ред се одржуваат антивладини протести, а денеска протест имаше и во Благоевград. Околу 50 луѓе исто така бараат оставка од Владата.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев во вчерашното обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Додека премиерот Бојко Борисов денеска изјави дека „демократски начин за преземање на власта е на избори“ и апелираше до демонстрантите да се воздржат од насилство и судири. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close