0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Четворица од Интер имаат коронавирус

Така, веќе четворица играчи на „нероазурите“ можат да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар.

Милано, 8 октомври 2020 (МИА) – Полудефанзивецот на Интер, Раџа Наинголан и Роберто Гаљардини, исто така, беа тестирани позитивни на КОВИД-19, според „Ла Газета дело Спорт“.

Така, веќе четворица играчи на „нероазурите“ можат да го пропуштат претстојното дерби со Милан поради коронавирусот. Другите двајца со позитивни резултати досега се Алесандро Бастони и Милан Шкрињар.

Интер сè уште официјално не ги потврди резултатите од Наинголан и Гаљардини.

Златан Ибрахимовиќ и Лео Дуарте во таборот на Милан пак се со позитивни тестови.

Таг
Back to top button
Close
Close