Дописници МКДОпштински вести

Четворица новозаразени со коронавирус во Кичево и тројца излекувани

Од новите 115 регистрирани случаи со Ковид-19 во земјава, четворица се од Кичево, а тројца пациенти од овој град се излекувани.

Кичево, 5 јули 2020 (МИА) – Од новите 115 регистрирани случаи со Ковид-19 во земјава, четворица се од Кичево, а тројца пациенти од овој град се излекувани.

Со денешните четири новозаболени од коронавирусот, вкупниот број на заразени во општина Кичево порасна на 48. Од оваа бројка 39 се активни случаи, осум граѓани се излекувани, додека едно лице почина.

Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел се наоѓаат на домашно лекување и во целосна изолација, додека помал дел се на инфективното оделение во Битола.

– За среќа денеска имаме и тројца излекувани, ја користам можноста уште еднаш да апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките за зашита од нивна страна, вели градоначалникот Фатмир Дехари кој воедно е и претседател на Кризниот штаб на општина Кичево. рз/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close