СветСвет.Портал

Четворица екстремисти загинаа при упад на полицијата на Пакистан во скривница

Пакистанските сили за борба против тероризмот денеска извршија упад во скривница на северозападниот дел на земјата, што доведе до пресметка во која загинаа четворица осомничени, соопшти полицијата.

Пешавар, 23 јуни 2020 (МИА)Пакистанските сили за борба против тероризмот денеска извршија упад во скривница на северозападниот дел на земјата, што доведе до пресметка во која загинаа четворица осомничени, соопшти полицијата.

За време на операцијата, полицијата заплени пушки и друго оружје.

Осомничените се собрале во куќа во Пешавар за да планираат напади, соопшти провинциската полиција.

„Операцијата беше успешна и спаси многу невини луѓе од можни напади, се наведува во соопштението.

Официјални лица исто така изјавија дека убиените екстремисти најверојатно припаѓаат на забранетата група.

Провинцијата Кибер Пактунква, каде се наоѓа Пашавар, граничи со Авганистан и во последните години беше цел на десетина екстремистички напади, од кои за повеќето одговорноста ја презедоа пакистанските талибанци. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close