Дописници МКДОпштински вести

Четири илјади евра за нови книги во градската библиотека во Кичево

Со 4 000 евра обезбедени од Министерството за култура, во градската библиотека во Кичево ќе биде збогатен книжниот фонд во оваа календарска година. Новите книги ќе бидат на три јазици, македонски, албански и англиски.

Кичево, 6 март 2021 (МИА) – Со 4 000 евра обезбедени од Министерството за култура, во градската библиотека во Кичево ќе биде збогатен книжниот фонд во оваа календарска година. Новите книги ќе бидат на три јазици, македонски, албански и англиски.

-Во рамките на библиотечната дејност, од страна на Министерството за  култура ,добрен е проект за набавка на нови книги за градската библиотека „Кочо Рацин“ во Кичево.За нови книги на македонски и албански јазик ќе бидат потрошени по 100 000 денари, додека за набавка на нови книги на англиски јазик ќе бидат наменети 40 000 денари или за вкупниот број на книги ќе бидат  потрошени  240 000 денари.Во новонабавените книги ќе има како лектирни изданија, така и книги од други жанрови, истакна Мазалм Османи, директор на Центарот за култура, под чија закрила работи и градската библиотека.

Османи посочи дека и за оваа календарска година се обезбедени 36 000 денари од Министерството за култура, за набавка на компјутерска опрема за потребите на градската библиотека. Бидејќи одобрениот износ и не е така голем, Османи смета дека со овие пари наместо два нови, треба да бидат набавени три половни компјутери во добра кондиција.

-Покрај овие ставки за набавка на книги и компјутерска опрема за библиотеката, одобрени се средства и за одбележување на Светскиот ден на книгата и заштита на авторското право 23 април, востановен во чест на големите светски книжевници Шекспир  и Сервантес, во износ од 10 000 денари, информира директорот на Центарот. за/мч/

Back to top button
Close
Close