Дописници МКДОпштински вести

Четириесет и една единица крв обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци

Четириесет и една единица крв беа обезбедени во денешната крводарителска акција во Кавадарци. Организаторот беше кавадаречкиот Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиологија Скопје.

Кавадарци, 22 април 2021 (МИА) – Четириесет и една единица крв беа обезбедени во денешната крводарителска акција во Кавадарци. Организаторот беше кавадаречкиот Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиологија Скопје.

-Крв даруваа главно средношколци од средните училишта во градот со наполнети 18 години, но и малку помлади, со писмена дозвола од родител. Но во акцијата во просториите на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ни се придружија и повозрасни крводарители, за МИА рече денеска Розе Илова, секретар во Црвен крст Кавадарци.

Таа нагласи дека општините Кавадарци и Росоман имаат хумани жители кои знаат дека доброволното крводарување спасува животи.

Акцијата се спроведе со почитување на превентивни мерки против Ковид-19.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close