0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Четири жители на Ресен не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство од Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство од Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Севeрна Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19. Тие на 27 и 28 март биле затекнати во непочитување на полицискиот час, соопштија од обвинителство.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на сите обвинети да им биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. оџ/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close