Дописници МКДОпштински вести

Четири пожари во Кавадаречко, пожарникарите апелираат да се внимава кога се гори отпад крај нивите

Според првичните согледувања, пожарите биле предизвикани од неконтролирано горење органски отпад кај нивите, особено лозови прачки кои останале по резидбата на виновите лози. 

Кавадарци, 11 април 2021 (МИА) – Четири пожари избувнале денеска во Кавадаречко, во атарот на селата Сопот и Раец, како и во росоманските Рибарци и Паликура.

Како што информираа за МИА од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, според првичните согледувања пожарите биле предизвикани од неконтролирано горење органски отпад кај нивите, особено лозови прачки кои останале по резидбата на виновите лози.

-По двајца пожарникари со по едно противпожарно возило се на терен, се гасне во атарот на кавадаречките села Сопот и Раец и росоманските Рибарци и Паликура. Заради зголемениот обем на работа повикани се да интервенираат и пожарникари кои денеска имаа слободен ден, рекоа од Противпожарната единица.

Пожарникарите апелираат на внимателност за да не се случуваат пожари. свд/мч/

Back to top button
Close
Close