Дописници МКДОпштински вести

Четири нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Четири нови случаи на коронавирус се евидентирани денеска во Кавадарци, потврди за МИА Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Кавадарци, 20 август 2020 (МИА) – Четири нови случаи на коронавирус се евидентирани денеска во Кавадарци, потврди за МИА Ристе Јовановски, специјалист и епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Станува збор за три лица од машки и едно од женски пол. Заболените се на возраст од 14, 19, 46 и 53 години. Три од лицата се заразиле од претходно позитивен член во семејството.
Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close