Граѓански сектор

Четири лица пренесени на Токсикологија по пожарот во КПУ затвор „Скопје“

Четири лица од КПУ затвор „Скопје“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба.

Скопје, 29 октомври 2018 (МИА) – Четири лица од КПУ затвор „Скопје“ каде што денеска избувна пожар во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се пренесени на Клиниката за токсикологија каде се следи нивната состојба.

Докторка Шпреса Хасани, советник за примарна здравствена заштита при Здравствениот дом Скопје во изјава за МИА вели дека четирите лица побарале лекарска помош и оти од страна на лекар од КПУ затвор „Скопје“ е повикана Итната медицинска помош по што лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Во гаснењето на пожарот интервенираа пет возила и 11 пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. бак/са/

 

Back to top button
Close
Close