Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Четири години од обидот за државен удар во Турција

Ако беа доволно силни, бидете сигурни дека немаше да се двоумат да го убијат претседателот, премиерот и сите избрани функционери на оваа земја, рече Ердоган на собирот во парламентот на четвртата годишнина од неуспешниот обид за пуч, односно Денот на демократијата и националното единство, пренесе агенцијата Анадолија.

Анкара, 15 јули 2020 (МИА) – На денешен ден пред четири години во Турција беше извршен обид за државен удар, за кој официјална Анкара ја обвини организацијата на свештеникот на ФЕТО, Фетула Ѓулен.

Ѓулен со години наназад се наоѓа во егзил во САД, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган во таа прилика кажа дека терористите целосно ќе ја собореа владата доколку беа доволно силни за тоа.

-Ако беа доволно силни, бидете сигурни дека немаше да се двоумат да го убијат претседателот, премиерот и сите избрани функционери на оваа земја, рече Ердоган на собирот во парламентот на четвртата годишнина од неуспешниот обид за пуч, односно Денот на демократијата и националното единство, пренесе агенцијата Анадолија.

Претседателот на турското Собрание, Мустафа Сентоп, изјави дека споменикот на паднатите борци е кренат пред турскиот Парламент во спомен на храбрите херои кои се спротивставија на пучот.

Агенцијата Анадолија потсетува дека обидот за државен удар, кој, наведува таа, го извршиле терористи на ФЕТО во Турција, бил насетен и спречен откако турскиот народ храбро излегол на улиците и плоштадите на покана на претседателот Ердоган и ги одбранил  демократијата и татковината.

ФЕТО и неговите припадници, наведува агенцијата, биле инфилтрирани во армијата, полицијата и другите институции, кои го покажале своето вистинско терористичко лице и намери за време на крвавиот обид за воен удар, што почна на 15 јули 2016 година, кога загинаа најмалку 251 лице.

Според Анадолија, терористите на ФЕТО го воделе обидот за воен удар од воздушната база Акинчи, во близина на Анкара, а пучистите, се додава, користеле тенкови, оклопни возила и оружје на турската армија. сд/

Back to top button
Close
Close