КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Четири филма на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“

Четири филма ќе бидат прикажани на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува на 5 и 6 февруари во Кинотеката. Дводневниот фестивал в среда ќе почне со „Гледајќи го Глас“ за реномираниот композитор Филип Глас, кој денеска полни 83 години и е сè уште активен и како композитор, и како изведувач.

Скопје, 31 јануари 2020 (МИА) – Четири филма ќе бидат прикажани на зимското издание на фестивалот „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува на 5 и 6 февруари во Кинотеката. Дводневниот фестивал в среда ќе почне со „Гледајќи го Глас“ за реномираниот композитор Филип Глас, кој денеска полни 83 години и е сè уште активен и како композитор, и како изведувач.

Минатиот месец фестивалот му ја врачи наградата за животно дело на Глас за достигнувања во музиката и филмот. По тој повод фестивалот ќе го прикаже овој филм за Глас во режија на Ерик Дармон.

Филип Глас е еден од четворицата основоположници на минимализмот – правец во класичната музика кој во 1960-тите и 1970-тите направил револуција во класичната музика. Зад него е огромен опус кој се состои од голем број симфониски дела, филмска музика, опери, музика за театар, дела за соло инструменти, хорска музика итн.

На првата фестивалска вечер на 5 февруари ќе биде прикажан и филмот „Визијата за рајот на Ли Скреч Пери“ на Фолкер Шанер, посветен на даб реге легендата Ли Скреч Пери.

На 6 февруари ќе бидат прикажани филмовите „Квин: Приказната зад Боемската рапсодија“ и „Постигни или умри: Приказната за пијанистот Ланг Ланг“. хс/дма/

Back to top button
Close
Close