Линк во живоПолитика

Чествувањето на Илинден 2021 во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце (ВО ЖИВО)

Оваа година на 2 Август - Денот на Републиката во Пелинце говор ќе одржи премиерот Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација, а цвеќиња ќе положат и делегации на Собранието и Претседателот на државата, како и претставници на политичките партии.

Пелинце, 2 август 2021 (МИА) – Оваа година на 2 Август – Денот на Републиката во Пелинце говор ќе одржи премиерот Зоран Заев, кој ја предводи владината делегација, а цвеќиња ќе положат и делегации на Собранието и Претседателот на државата, како и претставници на политичките партии.
Заев, е придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар АСНОМ.
Тие ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар на АСНОМ во 09:45, потоа премиерот ќе има обраќање на претседателот Владата Зоран Заев, по што следува завршен дел од културно-уметничката програма.
Во Пелинце Собраниска делегација ја предводи од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска и Бране Петрушевски, кои ќе положат венец свежо цвеќе. Најавена е и делегација на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Делегацијата на СДСМ во Пелинце ја предводи, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, придружена од организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов и пратеникот и претседател на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ја преводи пратеникот Бране Петрушевски. ац/

Back to top button
Close
Close