Општински вестиСкопје

Чествување за Никола Јонков Вапцаров во општина Бутел

Манифестација Чествување за Никола Јонков Вапцаров по повод неговиот 110 роденден ќе се одржи денеска во општина Бутел.

Скопје, 6 декември 2019 (МИА) – Манифестација Чествување за Никола Јонков Вапцаров по повод неговиот 110 роденден ќе се одржи денеска во општина Бутел.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски ќе положи цвеќе пред споменикот на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров. Потоа, во големата сала на Општината, ќе се одржи пригодна свеченост, на која пред присутните ќе се обрати градоначалникот Смилевски.

– Во спомен на ликот и делото на Вапцаров ќе настапат хорот на Здружението на пензионери на општина Бутел, КУД „Плетеница“ со повеќе песни и ора и ученици од ОУ „Живко Брајковски“ ќе презентираат повеќе песни од Вапцаров, соопштија од Општината. мс/са/

Back to top button
Close
Close