0_Македонија.ПорталПолитички партии

Честитка од претседателот на ДУИ Ахмети за Илинден

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

Скопје, 2 август 2020 (МИА) – Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ.

– Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен карактер, во неговото писмо и дух. Рамномерното споделување на востаничките и управувачки одговорности пред 117 години треба да послужи како модел за отстранување на хегемонистичките обременувања и примеси, кои што се повеќе заоѓаат, во врска со заедничките напори за слобода и подобар живот во заедничката земја, напиша на ФБ Ахмети.

Крушевскиот манифест од 1903 година, објави на фејсбѕк Ахмети, е обединувачка дефиниција за заедничка држава исто колку и Охридскиот договор во 2001 година.

– Наметнатите предрасуди сè уште постојат и денес, и претставува обврска за сите нас да работиме кон нивно отстранување со презентирање и прифаќање на неискривената вистина за сите тековни и историски процеси на нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна земја, напиша Ахмети на Фејсбук. цр/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close