Дописници МКДОпштински вести

Честитка од МД „Илинден“ по повод Рамазан Бајрам

Македонското друштво „Илинден“ со седишите во Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Дебар, 23 мај 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“ со седишите во Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

-Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам, нека е вековит и честит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба,стои меѓу другото во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот Или Халилај.

Ви посакуваме, се додава понатаму, празничните денови да ги минете во среќа, радост и добро здравје, во кругот на семејството а поради пандемијата со Ковид-19 одбегнувајте ги традиционалните взаемни посети.

– Бог ќе помогне да го надминеме и ова зло и да продолжиме со взаемното одбележување на празниците на различните верски заедници, кои се столб на градење на соживотот, се наведува во честитката.

Во неа се нагласува верската хармонија присутна во Албанија и се посакува оваа вредност да биде „светол пример за целиот регион и светот“.вт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close