Дописници МКДОпштински вести

Честитка од македонското друштво „Илинден“ по повод Водици

Македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици.

Дебар, 19 јануари 2020 (МИА) – Македонското друштво „Илинден“, со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, упатија честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Водици.

Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори.

– Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство. Бог се јави – навистина се јави, стои во честитката.

Во духот на македонските обичаи и традиции празникот Водици се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци – Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Крстот украсен со босилок во Голо Брдо, порано кога православните биле во голем број се фрлал во реките, но сега тоа се прави симболично во поголем сад со вода, додека во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во водите на Преспанско езеро. вт/мс/

Back to top button
Close
Close