Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Честитка до архимандрит Партениј од Лазарополчани за изборот за викарен епископ

Жителите на Лазарополе на архимандрит Партениј му го честитаа изборот за епископ на МПЦ-ОА.

Дебар, 29 мај 2020 (МИА) – Жителите на Лазарополе на архимандрит Партениј му го честитаа изборот за епископ на МПЦ-ОА.

– Благочестивите Лазарополчани, кои се наши долгогодишни верни соработници и сотрудници во делото за зачувување на мијачката култура и традиција, се придружија кон многубројните честитки кои деновиве му пристигнуваат од сите страни на нашиот Старец, архимандрит Партениј за неговиот избор за епископ на МПЦ-ОА, велат од Бигорскиот манастир.

Во честитката на Лазоровци, како што тие сами се нарекуваат, меѓу другото се наведува дека  од се срце и душа се радуваат на изборот и се надеваат дека и така добрата соработка ќе продолжи и во иднина.

– Во име на Црковниот одбор од храмот „Свети Георгиј Победоносец“ и од име на сите жители на славното Лазарполе  на архимандрит Партениј му ја честитаме новата црковна служба, односно неговиот избор за епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Лазоровци од се срце и од дното на душата се радуваат на неговата претстојна хиротонија закажана за 12 јули во Охрид, и искрено се надеваат дека досегашната многуплодна соработка со игуменот Партениј и бигорската обител ќе продолжи и понатаму, стои во честитката.

Во исто време му посакуваат „добро здравје, како и силна верба и истрајност во сите задачи и предизвици кои му следат“.

Претходно на високопреподбниот архимандрит Партениј изборот му го честитаа жителите од неколку мијачки села, со желби за добро здравје, долг живот и продолжување на неговата благородна мисија започната пред четврт век.

– Мијаците, со векови биле и се уште се нераскинливо поврзани со нивната духовна ризница – Бигорскиот манастир и братството. Како во минатото, така и во иднина, ќе продолжиме со грижата  за традицијата наследена од нашите предци за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир, наведуваат потомците на славните Мијаци во честитките.

Му посакуваат долги години добро здравје, успешна работа и продолжување на мисиите на прифаќање, разбирање и љубов, општествена работа и соработка. вт/сп/

Back to top button
Close
Close