0_Спорт.ПорталФудбал

Чешмеџиев потпиша за Шкупи

Одбранбениот фудбалер Константин Чешмеџиев официјално е нов играч на Шкупи. Прволигашот од Чаир, го обезбеди потписот на поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година, со кого се очекува да се зголеми конкуренцијата во одбраната.

Скопје, 18 јуни 2021 (МИА) – Одбранбениот фудбалер Константин Чешмеџиев официјално е нов играч на Шкупи. Прволигашот од Чаир, го обезбеди потписот на поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година, со кого се очекува да се зголеми конкуренцијата во одбраната.

Дваесет и петгодишниот фудбалер доаѓа од редовите на босанскиот тим Вележ од Мостар, каде минатата сезона забележа 16 настапи.

Станува збор за фудбалер од академијата Работнички, додека играше и за Пелистер, Македонија ЃП и Шкендија во локалното првенство.

– Луѓето во клубот ме контактираа додека бев фудбалер на Вележ, тоа беше пред околу еден месец. Тие ми ги раскажаа плановите и идеите на клубот, а јас знаев дека тоа е сериозен проект. Одлучувачки фактор да се дојде овде беше излегувањето на европската арена, како и фактот дека тренер е Гоце Седлоски кој ќе ми биде чест да учам од тренер како него, истакна Чешмеџиев.

Фудбалерот веќе се приклучи на тимот на подготовките во Охрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close