ЕвропаЕвропа.Портал

Чешкиот Парламент го одобри порастот на буџетскиот дефицит на девет отсто од БДП

Долниот дом на чешкиот Парламент денеска го одобри зголемувањето на буџетскиот дефицит на централната власт за 2020 година со рекордни 500 милијарди круни (21,21 милијарди американски долари) на првото од трите читања, бидејќи Владата бара дополнителни средства за зајакнување на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Прага, 23 јуни 2020 (МИА)Долниот дом на чешкиот Парламент денеска го одобри зголемувањето на буџетскиот дефицит на централната власт за 2020 година со рекордни 500 милијарди круни (21,21 милијарди американски долари) на првото од трите читања, бидејќи Владата бара дополнителни средства за зајакнување на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Владата претходно го зголеми планираниот дефицит на 200 милијарди круни, потоа на 300 милијарди, од почетното ниво од 40 милијарди круни.

Најновата предложена бројка одговара на износ од околу 9,0 проценти од очекуваниот бруто-домашен производ на земјата во 2020 година. Овде не се земени предвид потенцијалните дополнителни влијанија на зголемените буџетски расходи на локалните самоуправи, системот на здравствена заштита и други чинители на јавниот сектор. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close