0_Спорт.ПорталФудбал

Челзи подготвен да се раздели со Алонсо

Најсериозен интерес за Алонсо има од Интер. „Нероазурите“ беа заинтересирани за него уште во јануари, но тогаш не беше постигнат договор. Се верува дека главната причина за тоа е високата цена што ја постави Челзи. Тимот од Лондон сакаат 30 милиони евра за 29-годишниот играч.

Лондон, 22 февруари 2020 (МИА) – Челзи е подготвен да се раздели со левиот бек Маркос Алонсо. Од тимот се надеваат дека ќе добија конкретни понуди за него за време на летниот преоден рок, пишува „Калчомеркато“. Шпанецот не влегува во сметките на Френк Лампард, кој е подготвен да се раздели со него.

Најсериозен интерес за Алонсо има од Интер. „Нероазурите“ беа заинтересирани за него уште во јануари, но тогаш не беше постигнат договор. Се верува дека главната причина за тоа е високата цена што ја постави Челзи. Тимот од Лондон сакаат 30 милиони евра за 29-годишниот играч.

Затоа Антонио Конте ги засили своите редови со ветеранот Ешли Јанг од Манчестер Јунајтед за многу поскромна сума од 1,5 милиони евра, што не е долгорочна инвестиција, со оглед дека во јули ќе наполни 35 години.

Таг
Back to top button
Close
Close