0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Челзи планира да заработи 30 милиони фунти од продажба на Емерсон и Мозес

Премиерлигашот Челзи очекува да го продаде дефанзивецот Емерсон и играчот од средниот ред Виктор Мозес, кој игра за Интер на позајмица.

Лондон, 26 март 2020 (МИА) – Премиерлигашот Челзи очекува да го продаде дефанзивецот Емерсон и играчот од средниот ред Виктор Мозес, кој игра за Интер на позајмица.

Според британските медиуми, лондонскиот клуб очекува да заработи 30 милиони фунти од продажбата на овие играчи. Се најавува дека Челзи има намера да ја инвестира оваа сума во набавка на нов лев бек.

Виктор Мозес настапи на седум натпревари за Интер во сезоната 2019/20, на своето конто има една асистенција.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 29-годишниот Нигериец на 7,65 милиони фунти.

Емерсон (25) има една асистенција на 18 натпревари за Челзи во сезоната 2019/20. Неговата вредност на фудбалскиот пазар е проценета на 27 милиони фунти. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close