0_Спорт.ПорталФудбал

Челзи ќе продава четворица играчи

Лондон, 11 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашот Челзи сака да продаде четири фудбалери за да ослободи средства за летни трошоци, објави  „ football.london“.

Според изворот, бранителите Курт Зума и Емерсон, играчот од средниот ред Рос Баркли и напаѓачот Миша Батшуаи може да го напуштат клубот. Лондончаните се надеваат дека ќе заработат 113 милиони фунти од продажбата.

Се очекува Челзи да се обиде да ги купи напаѓачот на напаѓачите Тимо Вернер од Лајпциг и Муса Дембеле од Лион. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close