0_Спорт.ПорталФудбал

Челзи ќе го праќа Кепа на позајмица во Шпанија

Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.

Лондон, 22 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Челзи, Кеп Аризабалага може да биде играч на Севиља во зимскиот преоден рок, објави „Естадио Депортиво“.

Според изворот, управата и стручниот штаб на „сините“ не се задоволни од играта на 26-годишниот Шпанец на почетокот на сезоната, па затоа ја разгледуваат опцијата за позајмица.

Оваа сезона Кепа има одиграно три натпревари и примено шест голови.

Во прилог на заминувањето на Кепа од Лондон е и активирањето на Петр Чех како резервен голман. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close