0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Челзи ја освои Лигата на шампиони

Фудбалерите на Челзи го освоија вечерва пехарот во Лигата на шампиони, совладувајќи го во овогодишното „англиско“ финале Манчестер сити со 1:0 (1:0).

Порто, 29 мај 2021 (МИА) – Фудбалерите на Челзи го освоија вечерва пехарот во Лигата на шампиони, совладувајќи го во овогодишното „англиско“ финале Манчестер сити со 1:0 (1:0).

Челзи, кој по трет пат играше финале во елитното клупско натпреварување, го повтори успехот од 2012 година и го остави Сити без трофеј во првото финале.

Тимот на Томас Тухел беше подобар на теренот во првото полувреме на стадионот „Драгао“ и заслужено дојде во водство преку Каи Хавертц во 42 минута.

Манчестер сити, кој победи на шест од последните седум натпревари во Лигата на шампиони во кои беше во негатива, тргна поофанзивно по продолжението, но Илкај Гундоган го блокираше обидот на Ријад Марез во 69 минута, а алжирскиот репрезентативец го делеа сантиметри од израмнување во завршните моменти од финалето.

За англиските клубови ова беше 14 трофеј во Лигата на шампиони. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close