0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Челси и ПСЖ сакаат да го потпишат Донарума како слободен агент

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да ја продолжи кариерата во друг клуб.

Милано, 2 март 2021 (МИА) – Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума може да ја продолжи кариерата во друг клуб.

Според новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал Николо Шира, за 22-годишниот Италијанец се заинтересирани Челси и Пари Сен-Жермен, кои имаат намера да го потпишат играчот на лето како слободен агент.

Во исто време, Милан работи на продолжување на договорот со фудбалерот. Агентот на играчот, Мино Раиола бара плата од 10 милиони евра годишно, додека управата на клубот нуди 7,5 милиони евра.

Донарума оваа сезона одигра 32 натпревари за Милан, прими 40 гола. зс/

 

Таг
Back to top button
Close
Close