0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Челси договори и нов голман

Првата понуда на Челси вредеше 14 милиони фунти, а Французите ја одбија затоа што бараат 23 милиони.

Лондон, 9 септември 2020 (МИА) – Претседателот на Рен, Никола Холвек потврди дека Едвард Менди сака да го напушти клубот и да се приклучи на Челси ова лето. Според „РМЦ Спорт“, 28-годишниот голман веќе се договорил со „сините“ и го договорил неговиот 5-годишен договор.

Првата понуда на Челси вредеше 14 милиони фунти, а Французите ја одбија затоа што бараат 23 милиони.

– Започнавме официјални преговори со Челси. Знаеме дека тој исто така сака да си замине, но во моментот немаме 100% договор меѓу клубовите, призна Холвек.

Сепак, медиумите на Островот го сметаат голманот за сигурно ново засилување на „Стемфорд Бриџ“ и зделката е само прашање на време.

Таг
Back to top button
Close
Close