0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Чекор напред: Стадионите во Франција ги отвораат вратите за навивачите

Најмногу 5.000 гледачи ќе можат да присуствуваат на трибините за натпреварите во Купот на Франција и Лига Купот, како и за претсезонските контролни.

Париз, 20 јуни 2020 (МИА) – Стадиони во Франција се отворени за навивачите од 11 јули, соопштија локалните власти.

Најмногу 5.000 гледачи ќе можат да присуствуваат на трибините за натпреварите во Купот на Франција и Лига Купот, како и за претсезонските контролни.

Ова е уште еден чекор кон олеснување на преземените мерки за да се запре ширењето на коронавирусот.

Минатата сезона беше прекината на 30 април, а ПСЖ беше прогласен за шампион.

Новата сезона во француската Лига 1 започнува на 22 август.

Таг
Back to top button
Close
Close