0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Чеферин за Конференциската лига: Сакаме да им дадеме шанса на повеќе клубовите да сонуваат и да се борат за европски трофеи

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин зборуваше за создавањето на Конференциската лига.

Нион, 25 мај 2021 (МИА) – Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин зборуваше за создавањето на Конференциската лига.

– Ние сакаме да ги направиме нашите турнири поинклузивни – да им дадеме на повеќе клубови и навивачи можност да сонуваат и да се борат за европски трофеи.

Затоа ја создадовме Конференциската лига. УЕФА има 55 национални асоцијации и важно е да им се даде шанса на клубовите од што повеќе асоцијации да го продолжат својот настап во Европа што е можно подолго, изјави Чеферин.

Конференциската лига не Европа е трето по квалитет клупско фудбалско континентално натпреварување, по елитната Лига на шампиони и Лигата на Европа. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close