0_Спорт.ПорталФудбал

Чеферин: Подобро е да се игра без гледачи отколку да не се игра воопшто

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го сподели своето мислење дали да се одржат натпревари без гледачи во контекст на пандемијата на коронавирус.

Нион, 5 април 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го сподели своето мислење дали да се одржат натпревари без гледачи во контекст на пандемијата на коронавирус.

– Со нетрпение го очекуваме развојот на оваа ужасна состојба во светот, особено во Европа. Фудбалот без навивачи не е тоа. Меѓутоа, подобро е да се игра со публиката отколку воопшто да нема натпревари. Гледачите така ќе можат да гледаат фудбал на телевизија. Барем малку тоа ќе донесе позитивна енергија во нивните домови, рече Чеферин.

Фудбалските натпревари ширум светот, со мал исклучок, се во прекин поради пандемијата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close