0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Чеферин не се плаши од иднината на фудбалот и не верува во апокалиптични предвидувања

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не се плаши за иднината на фудбалот поради моменталната состојба предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Нион, 28 април 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека не се плаши за иднината на фудбалот поради моменталната состојба предизвикана од пандемијата од коронавирус.

– Коронавирусот запре сè, вклучително и фудбалската активност. Очигледно ќе има последици, но фудбалот е позитивна енергија и навистина ми недостасува. Не се плашам за иднината на овој спорт и не се согласувам со апокалиптичните предвидувања дека фудбалот веќе нема да биде толку масивен. Јасно е дека ќе биде потребно време да се донесе во ред, но можеме да го сториме тоа, рече Чеферин за „Тутумеркато“.

Таг
Back to top button
Close
Close