БалканБалкан.Портал

Чавушоглу: Руските Ц-400 се компатибилни со американските Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека руските системи за воздушна одбрана Ц-400 се компатибилни со американските борбени авиони Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО.

Давос, 23 јануари 2020 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека руските системи за воздушна одбрана Ц-400 се компатибилни со американските борбени авиони Ф-35 и не претставуваат закана за НАТО.
– Ние сметаме дека Ц-400 и Ф-35 се компатибилни, рече тој за време на Светскиот економски форум во Давос.
Според него тие не претставуваат закана за системите и за сојузниците на НАТО.
Чавушоглу исто така предложи да се формира работна група, под раководство на НАТО, за да се разгледа прашањето. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close