БалканБалкан.Портал

Чавушоглу: ЕУ треба да ги преразгледа политиките во однос на своите кандидати за членство

ЕУ треба да ги преразгледа некои политики на кандидатите за членство во Унијата, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во Софија.

Софија, 31 јануари 2020 (МИА) – ЕУ треба да ги преразгледа некои политики на кандидатите за членство во Унијата, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева во Софија.

– Ние не сме членка на ЕУ, но сме дел од Европа. Европската унија сака да биде глобален актер, но треба да прифатиме дека внатре постојат некои спорови, како и дефицити во однос на политиките, кои ги следела досега, истакна Чавушоглу.

Од своја страна, Захариева истакна дека на 5 февруари се очекува Европската комисија да ги изнесе предлозите за новата методологија на ЕУ.

– Се надевам дека е подобра од сегашната методологија и дури го забрзува процесот на пристапување на кандидатите, додаде Захариева, нагласувајќи дека без разлика на промените, тие не треба воопшто да влијаат врз земјите кои сега аплицираат за влез во Унијата. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close