0_Спорт.ПорталФудбал

Чави од лето може да ја предводи Барселона

Поранешниот играч за врска на Барселона, Чави би можел да го предводи тимот по заминувањето на Роналд Куман, напиша новинарот Николо Шира на Твитер. Според него, каталонскиот клуб ја разгледува неговата кандидатура за следната сезона.

Барселона, 18 февруари 2021 (МИА) – Поранешниот играч за врска на Барселона, Чави би можел да го предводи тимот по заминувањето на Роналд Куман, напиша новинарот Николо Шира на Твитер. Според него, каталонскиот клуб ја разгледува неговата кандидатура за следната сезона.

Четириесет и едногодишниот Чави се пензионираше во мај 2019 година. Негов последен клуб како играч беше катарскиот Ал-Сад, каде сега работи како тренер.

Чави го држи рекордот за најмногу настапи за Барселона. Тој има 767 натпревари. Најблиску до него е Лионел Меси со 760 натпревари.

Куман го презеде каталонскиот фудбалски великан минатото лето. Во 1/8 финалето од Лигата на шампионите, тимот загуби од ПСЖ на домашен терен (1:4). Во домашното првенство Барселона е на третото место. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close