0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Чави ја советува Барса да не ги зема Обамајанг или Мане

Тој зборуваше и за евентуалното враќање на Нејмар на „Ноу Камп“

Барселона, 17 мај 2020 (МИА) – Легендата на Барселона, Чави го советуваше својот поранешен клуб да не ги привлекува Пјер-Емерик Обамејанг или Садио Мане. Тој ги пофали квалитетите на двајцата, но изрази сомнеж дека тие ќе се прилагодат на стилот на Кике Сетиен.

– Мане и Обамејанг можат да ве убијат на отворено, но на Барселона и требаат играчи кои знаат да се движат на кратки растојанија. Мислам на играчи кои можат да се прилагодат и такви не се лесни за наоѓање. Ето беше совршен, како што е сега Луис Суарез, прокоментира Чави.

Тој зборуваше и за евентуалното враќање на Нејмар на „Ноу Камп“.

– Во однос на фудбалот, тој е во топ 3 или топ 5 во светот. Се надевам дека ќе се врати во Барселона. Придонесува многу. Тој е позитивен и би бил неверојатен трансфер, посочи Чави.

Таг
Back to top button
Close
Close