СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Часин: Потив Русија војувавме 16 пати, ако треба ќе војуваме уште еднаш

Советникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Масут Хаки Часин, навестил дека Анкара е подготвена на можна војна со Русија.

Анкара, 28 февруари 2020 (МИА) – Советникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Масут Хаки Часин, навестил дека Анкара е подготвена на можна војна со Русија.

Изјавата на Часин доаѓа откако тензиите во сириската провинција Идлиб ескалираа во последните 24 часа, пишува „Раша тудеј“.

-Во минатото против Русија војуваме 16 пати и повторно ќе војуваме, рече тој.

Овој турски функционер укажа на значајното муслиманско население и тврдеше дека земјата „ќе се распадне одвнатре“ доколку избие вооружен конфликт меѓу Москва и Анкара.

НАТО денеска оддржа итен состанок на кој беше разговарано за ситуацијата во Идлиб, по барањето на својата земја членка Турција. Официјалните претставници во Анкара ветија дека ќе му се одмаздат на Дамаск за убиството на 33-та турски војници.

Исто така, денеска во телефонски разговор турскиот и рускиот претседател се согласија дека е потребно да се воведат нови мерки за намалување на тензиите и за нормализирање на ситуацијата на северозападот од Сирија. сд/

Back to top button
Close
Close