0_Спорт.ПорталФудбал

Чалханоглу сака да добива пет милиони евра годишно од Милан

Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу може да го продолжи договорот со клубот, пренесува новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Николо Скира.

Милано, 6 ноември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу може да го продолжи договорот со клубот, пренесува новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Николо Скира.

Според него, 26-годишниот турски фудбалер сака да добива пет милиони евра годишно.

Од друга страна, миланскиот клуб е подготвен да понуди само 3,5 милиони евра, па останува да се чека разврската од преговорите.

Во тековната сезона, Чалханоглу одигра 10 натпревари на сите турнири, на кои постигна четири гола и оствари една асистенција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close