Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

ЦЕРН усвои стратегија за развојот на физиката на честички во Европа

Советот на  Европска организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), како највисоко тело на организацијата,  со претставници од 23 земји членки, едногласно усвои нова стратегија со која ќе се утврди иднината на физиката на елементарните честички во Европа во тековните глобални околности.

Женева, 22 јуни 2020 (МИА) –Советот на  Европска организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН), како највисоко тело на организацијата,  со претставници од 23 земји членки, едногласно усвои нова стратегија со која ќе се утврди иднината на физиката на елементарните честички во Европа во тековните глобални околности.

Стратешките препораки што беа усвоени на 19 јуни, го потенцираат научното влијание на физиката на честички, како и развојот на технолошкиот, социјален и човечки капитал.

Новата европска стратегија за физика на честички предвидува план и за блиска иднина и за долгорочен развој на оваа дисциплина, со визија Европа да ја задржи својата водечка улога во физиката на честички и иновативните технологии што се појавуваат во рамките на ова поле.

Според стратегијата на Европа, најголем приоритет треба да имаат тестирање на Хигсовиот бозон и истражување на горниот енергетски лимит, што се два клучни и меѓусебно компементарни начини да се одговори на отворени научни прашања за физиката на честичките.

-Стратегијата е пред се предводена од науката и затоа претставува научни приоритети во областа, истакна Урсула Баслер, претставничка на Советот на ЦЕРН.

Групата за европска стратегија (ЕСГ), специјално тело  формирано од Советот, успешно водеше стратешки процес каде учествуваа стотици европски физичари.

Стратегијата ја нагласува важноста на забрзано истражување и развој на нови, понапредни акцелератори, детектори и компјутерски технологии како неопходни предуслови за сите идни проекти, а изградбата на акцелератор би можела да започне за помалку од десет години, по целосно работење на  HL-LCH, што се очекува да заврши во 2038 година.

Важната препорака на новата стратегија е дека Европа, во соработка со научниците ширум светот треба да спроведе  физибилити студија за изградба на хадронски судир на новата генерација, со најголема достапна енергија, како подготовки за долгорочната научна цел на истражување на горната енергетска граница, каде што судирот на електрон-позитрон е прва фаза.

-Ова е многу амбициозна стратегија што ја истакнува светлата иднина за Европа и ЦЕРН со внимателен, чекор-по-чекор, изјави генералната директорка на ЦЕРН, Фабиола Џаноти.

Подготовките за новата стратегија почнаа во 2018 година, кога Советот на ЦЕРН ја формираше ЕСГ групата и соработката со научната заедница, дискутираа за повеќе од 200 различни предлози, на отворениот симпозиум што се одржа во мај 2019 година во Гранада, Шпанија.

Контурите на стратегијата се појавија по работните состаноци што се одржаа во Германија во јануари 2020 година и беа презентирани пред Советот на ЦЕРН во март, со идеја дека тие ќе бидат усвоени до 25 мај и ќе бидат претставени пред јавноста на конференција во Будимпешта.

Но поради панедмијата на Ковид-19, имаше одложување на еден месец. ки/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close