СветСвет.Портал

Централната Влада на Кина ќе има канцеларија во Хонг Конг

Според кинескиот предлог закон за национална безбедност за областа на Хонг Конг, централните власти во Пекинг ќе формираат канцеларија во таа поранешна британска колонија, која ќе биде надлежна за собирање разузнавачки податоци, безбедност и одржување на редот.

Хонг Конг, 20 јуни 2020 (МИА) – Според кинескиот предлог закон за национална безбедност за областа на Хонг Конг, централните власти во Пекинг ќе формираат канцеларија во таа поранешна британска колонија, која ќе биде надлежна за собирање разузнавачки податоци, безбедност и одржување на редот.

Деталите од нацрт-законот, кој моментално го разгледува постојаниот комитет на кинескиот парламент – Народниот национален конгрес – ги соопшти кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Според нацрт-законот, во Хонг Конг ќе биде формиран и одбор за национална безбедност, со кој ќе претседава највисокиот извршен функционер на локалните власти, а советниците на тоа тело ќе ги назначува Пекинг, јави јапонската новинска агенција Кјодо. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close