Оригинални текстови

Централен регистар со осуда за заканите врз новинарката Мери Јордановска

Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува  заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска.

Скопје, 11 јануари 2020

Централниот регистар на Република Северна Македонија најостро ги осудува заканите на вработениот Емил Јакимовски преку Интернет врз новинарката и заменик-уредникот на А1он Мери Јордановска.

Сакаме да истакнеме дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во Централниот регистар на Република Северна Македонија против Емил Јакимовски веќе е отворена дисциплинска постапка. Комисијата се уште нема одлука, бидејќи вработениот Емил Јакимовски веќе неколку месеци е на боледување.

Исто така во изминатиот период во МВР има повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице. Меѓу пријавите поднесени во МВР е и пријавата поднесена од директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски, која во изминатиот период е мета на постојани напади и закани од Емил Јакимовски.

Централниот регистар секогаш имал одлична соработка со медиумските работници и новинарите и затоа апелираме МВР и истражните органи да ги испитаат ваквите наводи и да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на случајот.

Централен регистар на Република Северна Македонија

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close