Дописници МКДОпштински вести

Центар за поддршка на деца жртви на врсничко насилство во Кавадарци

Во рамки на проектот „Пријателство пред насилство“ во Кавадарци денеска се отвори Центарот за поддршка на деца жртви на врсничко насилство.

Кавадарци, 24 февруари 2020 (МИА) – Во рамки на проектот „Пријателство пред насилство“ во Кавадарци денеска се отвори Центарот за поддршка на деца жртви на врсничко насилство.

Петар Гурев, претстедател на Здружението за едукација, тренинд и развој „Прогрес Плус Кавадарци“, што го спроведува проектот, истакна дека Центарот ќе работи на стручна поддршка на деца жртви на врсничко насилство, информирање за тоа што претставува ова насилство, како да се препознае, кои се последиците од него и начини за спречување.

-Новоотворениот Центар за поддршка на деца жртви на врсничко насилство ќе соработува со училишта, наставници, стручни служби и други институции за поддршка на деца сведоци на насилничко однесување, родители и останати страни засегнати со случај на врсничко насилство, појасни Гурев.

На веб-страната на Центарот децата жртви на врсничко насилство, но и останатите засегнати страни од оваа појава можат да побараат анонимна стручна помош на бесплатна чет линија. За оваа цел е ангажиран обучен тим од стручни соработници. Психолог, социјален работник и педагог ќе можат да разговараат со секој на кој му е потребна поддршка во секое време.

Проектот е спроведен во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD, финансирана од Европската унија.свд/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close