0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваМакедонија.СлајдерПолитика

Целосно реконструирана Општата болница во Гевгелија, изградена и нова хирушка сала опремена според највисоки стандарди

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија увид на реконструираната Општа болница во Гевгелија, каде изминатиов период се изгради нова хирушка сала со медицинска опрема, центар за дијабетес и оддел за физикална терапија во кои беа инвестирани вкупно 375.000 евра.

Гевгелија, 31 јули 2021(МИА) – Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија увид на реконструираната Општа болница во Гевгелија, каде изминатиов период се изгради нова хирушка сала со медицинска опрема, центар за дијабетес и оддел за физикална терапија во кои беа инвестирани вкупно 375.000 евра.

Премиерот истакна дека во најстариот дел од гевгелиската болница се изградени новата хирушка сала, нова лабораторија, дијабет центар, амбуланти за нефрологија, урологија, ортопедија како и современи чекални.

-Особено за издвојување е изградбата на новата хирушка сала и набавката на новата медицинска опрема во вредност поголема од 250.000 евра. Болницата сега располага и со нов ехо апарат на одделот за рентген дијагностика и комплетно реновирани одделенија на хирургија, нервно и за гинеколошко-акушерски болести, истакна Заев.

Со сите овие сериозни вложувања во гевгелиската и други болници во земјава, рече Заев, Владата ја потврдува својата цврста определба за градење на одржлив и ефикасен здравствен систем кој ќе им биде силна потпора на граѓаните.

-Од денеска е ставена во функција новата хирушка сала после 60 години за прв пат во оваа болница направена по највисоки стандарди со соодветни градежни карактеристики, со најсовремени апарати за анестезија и лапораскопска хирургија како и најсовремен хирушки стол, истакна министерот за здравство Филипче

Тој нагласи дека ова е само дел од работите кои изминативе две години се изведуваа во гевгелиската Општа болница.

-Во изминативе три години, благодарение на оваа Влада се издвоени преку 30 милиони евра за зголемување на платите на здравствените работници и драго мие е што се помалку ја напуштаат нашата земја, рече Филипче. им/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close