0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Целосно го неутрализиравме Меси, задоволен е Рамос

Шпанскиот репрезентативец акцентираше на промената на тактиката во текот на второто полувреме и на тоа како беше заштитен Лионел Меси.

Мадрид, 2 март 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не ја криеше радоста од победата над Барселона (2-0).

Шпанскиот репрезентативец акцентираше на промената на тактиката во текот на второто полувреме и на тоа како беше заштитен Лионел Меси.

– Факт е дека на крајот на првото полувреме и ја дадовме топката на Барселона, што не требаше да се случи. По паузата, решивме да притиснеме длабоко во нивната половина. Почнавме да создаваме позиции. Знаевме дека ако постигнеме гол, ќе можеме да го одржиме водството и да победиме. Ние посветивме многу внимание на запирање на Меси. Ги затворивме просторите за него и нашите напори се реализираа. Лео е секогаш способен да создаде нешто, но овој пат го неутрализиравме, истакна дефанзивецот.

„Според него, трите бода се многу важни на патот до титулата во Ла Лига.

„Борбата ќе продолжи до самиот крај, додаде Рамос.

Таг
Back to top button
Close
Close