0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderSvet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Цела Италија станува „заштитено подрачје” – движењето строго ограничено поради коронавирусот

Поради брзото ширење на коронавирусот од вечерва цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето ќе биде строго ограничено, јави дописникот на МИА.

Рим, 9 март 2020 (МИА) – Поради брзото ширење на коронавирусот од вечерва цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето ќе биде строго ограничено, јави дописникот на МИА.

Секој оној што ќе сака да се движи ќе треба да има добра причина за тоа. Ова на специјална прес-конференција го објави премиерот Џузепе Конте.

– Немаме повеќе време. Потребни се радикални и тешки мерки, изјави Конта пред новинарите.

Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само денеска се потврдени 1592 нови случаеви на заразени со Ковид-19. ав/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close