ОпштествоСкопје

Цел Центар на точак, акција за субвенционирана набавка на велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет

Општина Центар од денеска ја спроведува акцијата „Цел Центар на точак“, со која ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Општина Центар од денеска ја спроведува акцијата „Цел Центар на точак“, со која ќе се субвенционира 30 отсто од цената за купување нов велосипед, Е-велосипед и Е-тротинет, но најмногу до 3.000 денари.

Како што информираат од општината, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет започнувајќи од денеска 14 мај ќе добие субвенција за која е потребно да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, Е-велосипед или Е-тротинет.

-Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од денеска. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и за субвенционирањето, велат од Општина Центар и нагласуваат дека правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 3203-600. вј/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close