0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталMakedonija.SlajderИнтервјуОпштество

Царовска за МИА: Училиштата не се трансмитери на вирусот и засега остануваат отворени

Сите мерки кои ги спроведовме ценам дека се добри и го дадоа очекуваниот ефект. Се почитуваат правилата и можеме да констатираме дека училиштата не се трансмитери на вирусот. Имаме помалку од еден процент заразени ученици и наставници во училиштата. Така што, сега засега тие остануваат отворени за учениците од прво до трето одделение и за оние ученици од погорните одделенија каде има можност да се следи настава во училница. За секоја промена, јавноста навремено ќе биде известена, вели во интервју за МИА министерката за образование и наука Мила Царовска.

Back to top button
Close
Close